ВМРО-ДПМНЕ: Локалните избори треба да се одржат што поскоро

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека локалните избори треба да се одржат што поскоро, но и оти СДСМ поради страв од пораз се обидуваат да ги пролонгираат што е можно побрзо. Одржувањето на локалните избори веднаш, додаваат од партијата, нема никаква врска со формирањето на Влада
- ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане одговорна партија кога се работи за државните, националните или локалните интереси. СДСМ во недостиг на самодоверба и преголемиот страв од пораз на наредните избори гледаат колку што можат изборите да ги пролонгираат. Продолжувањето на мандатите на градоначалниците и советите треба да се донесе во понеделник, но треба и да се донесе најбрз можен датум за одржување на локалните избори. Одржувањето на локалните избори веднаш, нема никаква врска со формирањето на Влада, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, прва причина за пролонгирањето на одржувањето на локалните избори не е притисок врз претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, туку само евтин обид да се купи време за локалните избори да не се одржат во најбрз можен рок на 2 јули, од стравот дека ќе бидат катастрофално поразени, а втора причина за обидот на СДСМ да го одолговлече закажувањето на локалните избори е притисокот кој сакаат да го направат врз ДУИ за нивно пазарење околу коалицискиот договор, бидејќи ДУИ има 14 градоначалници, а СДСМ само 3.
- Овие пазарења и одолговлекувања од страна на СДСМ се на штета на граѓаните кои сакаат локалната власт да биде избрана и да функционира нормално што е можно побрзо. ВМРО-ДПМНЕ е за што поскори, брзи и ефикасни локални избори, за да може локалната самоуправа како уставно право на граѓаните да не трпи голема штета и да не се загрозат интересите на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.
Ново на Сител
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
-

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот
-

Прочка - празник за проштавање и покајание - како, кому и колку да простуваме
-

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
