На ИФФК „Браќа Манаки“ се реализираат филмските програми како на филмска лента

ИФФК „Браќа Манаки“, кој годинава се одликува со повеќе филмски програми, денеска почна со Вип детска програма, како и со реализација на проектот „Џифони патува“ во кој ќе бидат вклучени ученици и средношколци.
Фестивалска премиера доживеа и македонскиот кандидат за Оскар „Медена ноќ“ на Иво Трајков, филм кој во наредниот период ќе „патува“ на неколку фестивали, меѓу кои во Виена, Котбус, Солун...
Вчера и денеска на фестивалската сцена во Битола се емитуваа повеќе македонски филмови и копродукции. Публиката го виде и играно-документарниот филм „Последниот Македонец – Патот до истребување“ на режисерот Илија Пиперкоски. Филмот отвора големи прашања за македонската историја од времето на Букурешкиот договор.
- Не очекував таков интерес со оглед на тоа дека играно-документарниот жанр е многу комплексен. Ова е филм што буди емоции и дилеми и отвора прашања за дискусија, посочи Лупевска-Созен, за која ова е прв филм како продуцент.
Во Битола директна средба со публиката, студентите и филмски работници оствари и португалскиот режисер Жоао Салавиза со чиј филм „Планина“ беше отворена програмата „Нов европски филм“.
- Прекрасно е да се добие позитивен импулс од Битола за следните филмски фестивали и посебно првиот нареден во текот на овој месец во Сан Себастијан, Шпанија. Задоволен сум од приемот на мојот филм кај публиката која синоќа имаше можност веднаш по Венеција токму таа, македонската да го погледне долгометражниот филм „Планина“. Веќе во текот на ноември ќе гостувам на пет други филмски фестивали во Франција, Бразил, Португалија и на други места со што мислам дека филмот ќе има убава кариера, изјави за МИА режисерот Салавиза.
Португалскиот режисер во Македонија е десеттина денови и за време на престојот освен во Битола прошетал низ Скопје и Охрид, но посебен впечаток му оставила Трпејца и погледот на Охридското езеро од таа локација.
На денешната отворена средба со студентите, филмски работници и други гости на ИФФК „Браќа Манаки“, режисерот Жоао Салавиза говореше за својата посветеност на филмот, за престижните награди „Златна палма“ во „Кан“ и „Златна мечка“ во „Берлин“, а воедно потсети дека во 2012 година токму на фестивалот во Битола ја доби наградата „Мала златна камера 300“
Ново на Сител
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
