Трпчески премиерно го изведе „Македонисимо“ пред германската публика

Германската публика во Лудвидсбург имаше прилика премиерно да го слушне новиот проект на македонскиот пијанист Симон Трпчевски насловен „Македонисимо“ со музика од Македонија.
Освен на пијано, Трпески свиреше и на хармоника, па дури и запеа. Бувчанско, Малешевка, Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е она девојче,... во препознатливите македонски ритми, аранжирани во соработка со македонскиот композитор Панде Шахов беа изведени со тимот во чиј состав беа Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал и Влатко Нушев на удиралки.
- „Ептен македонско“, како што во шега знае да каже носителот на нашиот културен идентитет во светот, наиде на овации кај пребирливата фестивалска публика, соопшти „КултурОп“ со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Трпчески за Македонското радио изјави дека едвај ги чека следните изведби на проектот за кои се надева дека ќе наидат на добар прием кај публиката.
- Луѓето беа одушевени и мене ми е исклучително драго што на овој начин се заокружи овој проект што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни кои и носат шарм на целата инструментална димензија од 80 минути музика. Искрено се радувам и едвај ги чекам следните изведби на проектот и се надевам дека насекаде низ светот каде што ќе успеам да го претставам ќе наиде на убав прием кај публиката, вели Трпчески.
На 6 јули проектот „Македонисимо“ ќе биде изведен пред словенечката публика во Љубљана.
Ново на Сител
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
-

Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола
-

Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево
