Македонија
24. May 2017 - 13:21

Намален доток на вода или прекин во водоснабдувањето во кавадаречко поради поројните дождови

Поради обилните врнежи од дожд во подрачјето на зафатите на „Стара река“ на Кожуф планина и неможноста филтрите да го извршат неопходното прочистување на водата, која сега е на прелив во регионалниот водовод „Лукар“, ЈП „Комуналец“ од Кавадарци информира денеска дека ќе има нарушен режим на снабдување со вода за пиење.

- Имено во текот на денот одредени делови од градот ќе имаат намален доток на вода, а во други воопшто ќе нема вода во славините. Состојбата може да се одолжи ако во текот на денот има нови врнежи на дожд, соопштуваат од комуналното претпријатие.