-->
-->
Гоца Тржан брутално искрена - Со својата објава ги растажи сите родители
-->

Гоца Тржан на својот профил на Инстаграм напишала нешто што ги изненади сите нејзини обожаватели. Со својата објава таа ги вознемири сите родители, а воедно ги растажи.
-Размислувам имаат полни соби со играчки, таблети, телефони, компјутери, велосипеди, тротинет, ролери и не им е срам да кажат дека им е досадно! Што направивме од нашите деца. Им дадовме се што ќе посакаат и сега се незаинтересирани и потполно отупеа. Ништо не може да ги воодушеви, ниту заинтересира, ниту да им трае. И ништо не им е полошо од тоа да им го земеш телефонот. Ниту да не одат на море, ниту да не одат во Рим, ниту да не зборуваме со нив, само не им го земајте телефонот, напиалаГоца и додала:
Тажна сум. Бидејќи мислев дека сепак сме им важни. Но им дадовме предмети за да молчат додека јадат, да молчат и гледаат во телефонот додека сме во ресторан, да ги забавува додека готвиме, да молчат додека ние зборуваме. Па не е ни чудно што тој предмет најмногу им значи. Толку пати не има нас заменето. Затоа претпазливо… Кога ќе сфатите дека на вашите деца повеќе не им значи што сте тажни што гледаат само во телефонот, сетете се на овој пост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани