Симулациска вежба на АРМ и Црвен крст за спасување животи при кризни состојби
Во симулација на вонреден настан со повредени и ранети заедничкиот тим на припадниците на Армијата на Република Македонија и Црвениот крст на РМ денеска покажаа како правилно се реагира за спасување животи при кризни состојби.
Заедничката активност спроведена на воениот стадион во градски парк во Скопје е завршна вежба на припадниците на АРМ и Црвениот крст по четиринеделен курс за животоспасувачи спроведен од инструкторите во одделот за медицинска обука при Воено медицинскиот центар во Скопје.
Заменикот началник на Генералштабот на АРМ Мухамед Рацај рече дека вежбата е во рамки на активностите за одбележување 25 години од постоењето и долгогодишната соработка меѓу АРМ и Црвениот крст на РМ.
- Најдобрата соработка се покажа за време на поплавите минатата година и се надевам дека оваа соработка и заеднички вежби и активности ќе продолжат, рече Рацај.
Заменикот командант на Здружената оперативна команда на АРМ Павле Арсовски рече дека несреќите и трагедиите се случуваат секојдневно и насекаде, а првата помош во најголем број ситуации значи спасување на човечки животи.
- Нема ништо похумано од благовремено и правилно укажана помош и нема ништо поодговорно од тоа да се биде подготвен и оспособен да се укаже. Денешната вежба е само една во низата заеднички активности кои во изминатите децении успешно ги демонстриравме на терен како одговор при разни катастрофи кои се случуваа во нашата земја, рече Арсовски.
Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саид Саити рече дека Црвениот крст и АРМ имаат долга и плодна соработка и минатата година покажавме дека можеме заедно многу да помогнеме.
Ново на Сител
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации