ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ најави блокада на отпочнатите проекти

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение истакнува дека партијата континуирано создава и придонесува во интерес на сите граѓани, додека, како што е наведено, СДС продолжува да се занимава со интриги, шпекулации и деструкција.
ВМРО-ДПМНЕ, се додава, во изминатиов период работи на реализација на низа капитални инвестиции и проекти, а СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти.
- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години голем акцент стави на здравството и здравствената заштита на граѓаните, инвестирајќи во нови медицински објекти, апарати и обучување на кадарот. По иницијатива на претседателот Никола Груевски го изгради ПЕТ центарот - центар за рана дијагностика и лекување малигни заболувања, инвестиција вредна 16 милиони евра и претставува единствен таков објект на потегот помеѓу Виена и Атина, се наведува во соопштението.
Од партијата додаваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради голем број нови објекти за потребите на јавните и државните институции и со тоа спречи милионски одливи од државната каса на име закупнина за објекти и деловен простор, меѓу кои и новата зграда на АД ЕЛЕМ, каде ќе бидат сместени дополнителни шест регулаторни тела на простор од 10.000 метри квадратни.
- Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од тиранската платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза. Граѓаните знаат што е подобро за нив и за нивната иднина, затоа и ВМРО-ДПМНЕ победи на последните избори, а СДС по 11-ти пат загуби. Граѓаните не сакаат лаги и манипулации. СДС наместо да се служи со измами, во најбрз можен рок да овозможи редовни локални и предвремени парламентарни избори, на кои ќе го слушнат гласот на граѓаните и нивниот одговор за целата деструкција која во изминатиов период ја посеаја во Република Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Се претставил како службеник во државна институција и измамил лице за сума од 28.700 евра
-

75-годишна жена и нејзиниот малолетен внук физички нападнати од нејзината ќерка
-

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
