Честитка од Заев по повод рамазанските пости
Во чест на почетокот на Рамазанските пости Претседателот на СДСМ Зоран Заев, по повод почетокот на рамазанските пости, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам.
- Го честитам почетокот на овогодинешните Рамазански пости на сите граѓани кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам. Посакувам Светиот месец Рамазан да донесе личен духовен мир и семејна хармонија. Рамазанските денови на духовно и телесно прочистување нека поттикнат уште посилна волја кон вистинските човекови вредности, хуманоста, меѓусебното почитување и разбирање и нека ја зацврстат определбата за вистина, правда и солидарност како важни темели на нашето заедничко општество, се наведува во честитката.
Продолжуваме, се додава, заедно да градиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за среќа и успех на секој, во економски напредна и просперитетна Македонија.
- Ве повикувам како чесни и одговорни граѓани да продолжиме заедно да ги движиме овие важни процеси за сите граѓани на Република Македонија, наведува Заев во честитката.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот