Македонија
23. March 2018 - 13:16

Нормализиран сообраќајот на патот Катланово-Велес

На патниот правец Катланово – Велес кај манастирите одронот е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека е укината во 11:30 часот, а на патниот правец крак Маврово – Дебар во 11:40 часот.