Норвешка: Воз уби 17 ирваси
Воз во Норвешка налета на стадо ирваси, по што 17 од нив загинаа. Во изминатите денови во слични несреќи, настрадаа повеќе од 100 ирваси.
Тор Брекан од железничката фирма „Бане НОР“ изјави дека најновиот судар со животните се случил на 20 километри од местото каде во саботата воз уби 65 ирваси.
Брзината на движењето на возовите веднаш е намалена долж делницата од 32 километри на најдолгата норвешка пруга меѓу Трондхејм во централна Норвешка и Бодо, северно од Поларниот круг. Државната железничка станица соопшти дека претходно не ги известила машиновозачите за присуството на животни на пругата и за потребата да ја намалат брзината.
Од 22 до 25 ноември, возови осум пати удрија во ирваси и убија 110 животни.
Од 2013 година, вкупно 3.372 ирваси, овци и лосови настрадаа на таа пруга, долга 729 километри, покажуваат податоците на норвашката железница НРК.
Сири Мартинсек, шефица на норвешката група за права на животните НОАХ изјави за норвешката телевизија дека ќе поднесе пријава во полиција и оти некој мора да одговара за тоа што се случува.
По најновите инциденти, норвешката железница најави дека ќе вложи 3,48 милиони евра за да ја продолжи оградата и на тој начин да ги заштити животните
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
