Бизнис
2. May 2016 - 19:51

Норвешкиот инвестициски фонд ќе се „пресметува“ со високите плати на директорите

Норвешкиот државен инвестициски фонд, кој е најголем во светот и со акции во повеќе од 9.000 компании, денеска соопшти дека ќе почне да се занимава со превисоките плати на директорите во компаниите во кои има сопственички удел.

- Тоа е тема која ќе ја следиме, изјави портпаролката на одделот на орвешката Централна банка задолжен за управување со фондот, Марта Шкар.

Фондот е „тежок“ речиси 757 милијарди евра и има големо влијание врз начинот на водење на компаниите во кои инвестирал.

Проблемот со исплаќање на огромни компензации за раководителите неодамна стана горливо прашање меѓу инвеститорите, а шефот на норвешкиот инвестициски фонд Ингве Слингстад вчера истакна дека Норвешка ќе го реши ваквиот проблем.