Македонија
23. May 2020 - 19:46

Нов лик на малиот битолски монмартр

Малиот битолски монмартр оваа година ќе биде без џагорот на деца кои творат низ битолските улици. Пандемијата со коронавирусот годинава ги спречи децата од повеќе земји во светот да дојдат во Битола. Ангела Каранфилова од наредната година нема да може да биде учесник во колонијата. Но, како и досега, така и наредната година, Ангела ќе биде дел од организацијата.

Свеченото отворање на 39-то издание на Малиот Битолски монмартр беше симболично и согласно мерките за заштита.

Наградата Гран при оваа година ја доби Марија Дима од Романија, која му беше врачена на почесниот конзул на Романија во Битола.

Наредната година се подготвува јубилејното 40-то издание на оваа ликовна манифестација.

Во студиото е поставена светската изложба на која се изложени најдобрите 717 творби од вкупно 15.000 пристигнати.