Македонија
15. January 2022 - 16:36

Нов план за контрола на хаосот со паркингот на Клинички

Со дополнителни тројца вработени од Градски паркинг, ќе се ублажува сообрааќајниот метеж во дворот на Клиничкиот центар. Тие уште на влезот ќе ги информираат граѓаните дали има слободни паркинг места и каде тие се наоѓаат. По серијата прилози на Сител, првиот човек на Јавното претприајтие направил увид, но според Христовски, тешко е да се реши проблемот со паркинг просторот. Изградба на катна гаража или монтажен паркинг, засега не се опција.

„Треба да се земе во предвид и тоа дека ЈП „Градски паркинг“ го користи просторот на Клиничкиот центар по договор на определено време. Со таква поголема инвестиција би требало да се реши долгорочно во едни околности каде што повеќе фактори би имале своја улога“, вели Бојан Христовски, Директор на ЈП „Градски паркинг“.

Иако вработени од Градски паркинг ќе информираат дали има слободни места, рампите за влез во Клинички нема да останат спуштени.

„Бројот на возила кои влегуваат во кругот на болницата, не може да се ограничи според капацитетот на слободни паркинг места, бидејќи, како што велат од Јавното претпријатие, паркингот е наменет за пациенти кои ги користат здравствените услуги од Клиничкиот центар“

Паркингот во Клинички брои близу 840 места, а според податоците на претпријатието, повластени паркинг карти користат околу 2.200 вработени.

„Генералално, да. Логика е дека во голем од самиот персонал се исполнува паркингот и веројатно понатаму корисниците на услуги на Клиничкиот центар се снаоѓаат каде стигнат. Секако, дури и да не е така, каде би паркирале тие без кои не би можеле ние да ги користиме услугите на клиничкиот центар“, појаснува Христовски.

За намалување на проблемот со недостиг од места, Градски паркинг најавува дека ќе постави и нови патокази за локациите за паркирање, но од јавното претпријатие апелираат и за користење на паркоматите за да се забрза протокот на возила кои го напуштаат Клинички.