Loading Video...
Ракомет
28. October 2022 - 10:59

Нов пораз за Митревски и Порто во Лигата на шампионите

Барселона останува единствената екипа во ракометната Лига на шампиони која имам максимален учинок по петте одиграни кола. 
 
Ова откако Весперм пред своите симпатизери одигра нерешено 35-35 во дуелот со Магдебург па уралскиот претставник не успеа да ја забележи и петата победа. 
 
Во вториот натпревар од А група, Порто на нашиот репрезентативен голман Никола Митревски на домашен терен беше надигран од ГОГ со 33-26, по што португалскиот тим заедно со Елверум од Б групата се двете екипи кои досега немаа освоено ниту еден бод.
 
Во Б конкуренцијата Цеље загуби од Килце со 30-33, додека Нант го победи Кил со 38-30.