Нов повик од Фондот за иновации за грантови за микро, мали и средни фирми
Нов јавен повик од Фондот за иновации на микро, малите и средни фирми во земјава. За оваа намена одвоени се 5 милиони евра од кои 3 милиони се буџетски пари, а 2 милиони евра се обезбедени од Светска банка.
Компаниите може да аплицираат за максимален износ од 350.000 евра.
За средните компании 60% од износот е грант, а за микро и малите фирми грантот е до 70% од износот за проектите. Остатокот треба да го финансираат самите апликанти. Повикот трае до 15 мај.
Нови услови за аплицирање за грантови преку Фондот за иновации. Една од новините е обврската на корисниците на финансиска помош да враќаат пари во ФИТР. Имено, од кога ќе почнат да остваруват приходи од иновацијата за која што добиле грант, ќе треба по 5 % од остварените приходи на годишно ниво да враќаат во ФИТР.
Таа обврска ја имаат 5 години од моментот кога ќе почнат да остваруваат приходи. При тоа вкупниот износ што се враќа не треба да надмине 120% од износот за кој што аплицирале.
На тој начин Фондот за иновации очекува да креира партнерски однос со фирмите.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања