Бизнис
22. July 2021 - 16:41

Нов раст на потрошувачката кошничка

Нов раст на потрошувачката кошница регистрира Синдикатот. На едно 4 члено семејство во јуни му биле потребни 34.212 денари, само за да ги задоволи основните месечни потреби. Речиси половина од парите им се за храна, пијалоци и сметки за домот. За здравје, граѓаните одвојуваат најмалку – само 730 денари. Платите се ниски и не го следат зголемувањето на цените на производите, велат граѓаните. Со една плата - тешко дека ќе го преживеат месецот.

Статистката неделава објави дека просечната месечна плата се зголемила и сега  изнесува 28,721 денар. Ова значи дека само со еден вработен во семејството, на домаќинствата им недостасуваат над 5,000 денари за да ги задоволат  основните потреби.

Инаку синдикалната минимална кошница секој месец бележи нагорен тренд. Почетокот на годината, во јануари на едно семејство му биле потребни нешто над 33 илјади денари или 562 денари помалку отколу во јуни. За истиот период просечната плата пораснала за 450 денари, додека пензиите за 120 денари.