Нов современ компјутерски томограф за Клиниката за неврологија

Полесно и побрзо дијагностицирање на пациентите на Клиниката за неврологија во Скопје ќе овозможи новиот современ компјутерски томограф што денеска беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари. Досега на Клиниката имало еднослајсен компјутерски томограф со постара технологија, поради што пациентите оттука биле препраќани на Клиниката за радиологија.
- Овде доаѓаат случаи за кои е многу важно времето, односно дали во првите два-три часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде соодветната терапија. Се што е подоцна може да предизвика серозни последици, така што секое забрзување при одредување на дијагнозата и давањето терапија може да значи живот. Скратувањето на движењето на пациентите од една до друга клиника заради снимање, односно забрзувањето на овој процес значително ќе помогне во забрзувањето на сите овие процедури, истакна премиерот Никола Груевски кој заедно со министерот за здравство Никола Тодоров присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на апаратот.
Претходно, додаде премиерот, на Клиниката имаше еден многу стар еднослајсен апарат, многу стара технологија и пациентите затоа ги праќаа на Радиологија, со што се губело доста време.
- Станува збор за инвестиција од околу 20 милиони денари, која и тоа како ќе се исплати затоа што огромен број пациенти секој ден го користат овој апарат. Тој ќе се користи за брзо дијагностицирање, по што веднаш ќе се утврди потребната терапија и интервенција, истакна Груевски додавајќи дека набавката на овој компјутерски томограф е уште едно реализирано ветување на Владата.
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
