Нов, втор случај на позитивен на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше
![]()
Во гостиварско регистриран е нов случај на инфициран од корона вирус. Новиот случај е откриен во селото Ростуше, а неговите резултати биле потврдени вчера.
Во меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше ги потврдија информациите, со што во изминативе два дена во најмалубројната гостиварска општина, бројката на новозаразени е два.
Од Кризниот штаб за справување со корона вирусот при Општина Маврово и Ростуше, преку соопштение информираа дека првиот пациент по позитивниот наод е префрлен на лекување во инфективно одделение во гостиварската општа болница. Тој бил во стабилна здраствена состојба.
– Уште еднаш, упатуваме апел до сите наши сограѓани, строго да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Министерството за здраство, сите ние да носиме заштитни маски и ракавици, да не се собираме во групи, да држиме растојание од два метра, да избегнуваме одење на гости и патување по други градови, наведуваат од Кризниот штаб за општина Маврово и Ростуше.
Според последните информации од меѓуопштинскиот штаб, првиот случај е лице кое живее во долнореканското село Присојница, кај кое симптомите на болеста се појавиле минатата недела. Епдимеиолозите во овој период ги анализираат двата случаја и преземаат мерки за спречување на ширење на инфекцијата во долнореканскиот регион.
Во моментов, во Гостиварско има пет активни случаи, два во општина Гостивар, два во општина Маврово и Ростуше и еден во општина Врапчиште.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит
-

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година
-

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре
-

Арсенал размислува за трансфер на Винисиус од Реал
-

Трет дрон соборен во романскиот воздушен простор, Букурешт ќе поднесе дипломатски протест до Москва
-

Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен
-

Николоски: Се финализираат галериите - најтешкиот дел од автопатот Кичево - Охрид
-

Тајфунот Ноул ја зафати јужна Кина, евакуирани над 700 илјади лица
