-->
-->
Нова измама со огревни дрва во Скопје
-->

Б.М. (63) од Скопје вчера во 12:00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на 15.06.2018 година му било извршено кривично дело „измама“.
Околу 10:00 часот пред неговиот дом на улицата „Наум Охридски“ дошло непознато лице и му понудило огревни дрва за цена од 2.500 денари за метар кубен.
Откако се договориле сторителот успеал да го убеди Б.М. да му даде 5.000 денари и да го почека да ги донесе дрвата кои биле во товарно возило на почетокот на улицата.
Сторителот заминал и не се вратил, по што Б.М заклучил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
