Нова лабораторија за работа во дрво отворена на Факултетот за ликовни уметности - Скопје

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби нова, современо опремена лабораторија за скулптура во дрво, реализирана со поддршка од Ротари Клуб Скопје Центар и компанијата Маквелд ДОО.
Новата лабораторија, која е дел од Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, претставува значаен чекор напред во унапредувањето на условите за настава, истражување и креативна работа на студентите. Просторот е опремен со рачни и полустационарни електрични алати кои овозможуваат современ пристап кон обработката на дрво, експериментирање со различни материјали и развивање на оригинални уметнички изрази, соопштија од Факултетот.
„Вистинскиот напредок се гради заедно – преку заедничка визија за иднината,“ истакна деканката на Факултетот за ликовни уметности, проф. д-р Славица Јанешлиева, нагласувајќи ја важноста од соработката помеѓу академската заедница, граѓанските организации и бизнис секторот во создавањето подобри услови за младите уметници.
На официјалното примопредавање на опремата, атмосферата беше исполнета со ентузијазам и благодарност, одразувајќи го духот на партнерството и поддршката за новите генерации творци.
Нова лабораторија за работа во дрво отворена на Факултетот за ликовни уметности
Факултетот за ликовни уметности им изрази голема благодарност на Ротари Клуб Скопје Центар и Маквелд ДОО за нивната доверба, визија и посветеност во зајакнувањето на креативниот потенцијал на студентите и во градењето на современ и просперитетен академски амбиент. Со вакви иницијативи, Факултетот продолжува да ја исполнува својата мисија — да инспирира, едуцира и поддржува нови генерации уметници кои ќе го обликуваат културниот и уметничкиот живот во земјата и пошироко, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
