-->
-->
Нова опасна игра: Руски рулет, но на струја, се популарна, а ова се правилата
-->

Во рускиот град Перм се практикува опскурна модификувана верзија на руски рулет, во која учесниците пукаат еден во друг, со тоа што наместо вистински куршуми, користат електрошокови. Идејата, која ја добил парализиран спортист, се шири со брзина на светлината. Играта донесува голема заработувачка, но и адреналин, тврдат учесници. Сепак, учесниците признаваат дека електрошоковите предизвикуваат и проблеми.
Основните рпавила се како и во класичниот руски рулет: играчот става еден курум во празно буренце и го врти, а потоа пиштолот оди во круг и секој играч го потегнува чкрапалото по еднаш додека пиштолот го држи на својата слепоочница. Разликата е што наместо класичен, во оваа верзија од играта се користи елетрокушум, кој исфрла електрична искра, односно, струен удар. Електрокуршумите се непријатно, по ударот лицето чувствува пецкање, а мускулите почнуваат да се грчат.
Играчот кој ќе издржи најдолго, односно кој ќе ја сокрие болката како да не е погоде или оној кој ќе има среќа навистина да не биде погоден, е победник, наведува „Руски вјесник“.
Во играта не се дозволени имиња и прекари на учесниците, туку тие се нумерирани. Во првата етапа играчите пукаат во тилот на соиграчите. Постои систем на триаголник – жена и двајца мажи кои си пукаат еден во друг.
Кога модераторот ќе објави дека сите се живи, следува уште еден круг. Имаат право на пет круга додека не почне да се грчи вратот на еден од играчите. Тој испаѓа.
Додека социолозите се обидуваат да сфатат што ти тера луѓето да ја играат оваа опасна игра, една учесничка вели дека е налошо кога ударот ќе погоди над каротидната жлезда, зашто предизвикува контракција на вратните мускули, а објаснува дека полесно се блефира кога куршумот ќе удри во рака или во чело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
-

Кривична за 40-годишник за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец
-

Кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер од северозападен правец
