Нова опасност за македонските сточари
Нова опасност демнее за македонските сточари . Со оглед на брзината и начинот на ширење на високозаразната болест чума кај малите преживари во одгледувалиштата на овци и кози во Романија и Грција болеста не е исклучено за кусо време да се појави и до границата со Македонија.
Во моментов во земјава нема потврден случај и се преземаат сите активности за едукација на фармерите и контрола при пасењето на овие животни на граничните предели за да не дојде до мешање на стадата од двете земји и брз пренос на болеста.
Се следи и состојбата со африканската чума не само во Европа, туку и во светски рамки нанесе големи штети на свињарството и ги дестабилизираше пазарите за свинско месо.
Во 2022 година кога се појави болеста во земјава беа евидентирани 43 жаришта а досега угинаа околу 10 илјади свињи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар