Loading Video...
Спорт плус
10. October 2020 - 16:34

Нова пол-позиција за Квартараро

Фабио Квартараро уште еднаш потврди дека е во одлична форма. 
 
Членот на Петронас Јамаха, оствари најдобар резултат во денешните квалификации возени на патеката во Ле Ман, каде утре ќе се одржи деветтата трка во Мото ГП шампионатот. 
 
Французинот до својата трета пол-позиција сезонава стигна пред Австралиецот, Џек Милнер од Прамак Рејсинг и Италијанецот, Данило Петручи на Дукати, кои ќе го пополнат првиот стартен ред. 
 
Во пресрет на утрешната трка, Квартараро е лидер во генералниот поредок со 108 бодови, а зад него се Шпанците,  Жоан Мир (100 бодови) кој ќе стартува дури од 14-тата позиција, односно Маверик Вињалес со  90 бодови, а кој пак утре ќе го има петтото стартно место