Новак: Русија е подготвена да го изгради „Турски поток“
Русија е заинтерсирана за проектот „Турски Поток“ и е подготвена да го изгради овој гасовод, доколку за тоа посоти интерес од страна на Турција и ЕУ, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Како што јави ТАСС, тој нагласи дека можноста за изградба на гасоводот веќе ја разгледува Европскатаа комисија, како министри за енергетика на земјите-членки на ЕУ.
- Русија е подготвена да го реализира овој прокет, но само под улов ако за него биде искажан конечен интерес од нашите европски и турски партнери, порача Новак.
Турција досега официјално не донесе одлука за повлекување од проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“, но неговата реализација е стопирана во рамки на одлуката на Русија за воведување „специјални економски мерки“ кон Анкара поради соборувањето на рускиот авион од страна на турското Воено воздухопловство над границата со Сирија.
Ново на Сител
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице