Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2, државната поддршка реализирана 99 отсто
Реализирани се 99 отсто од годинашните средства за национална поддршка на земјоделството и руралниот развој, а утре ќе биде објавен повик за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи проектиран на 13,3 милиони евра од ИПАРД 2, најави денеска директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.
Мерката се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за млеко и млечни производи, месо и производи од месо, вклучително јајца и живина, овошје, зеленчук, житарки, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет.
На средба со новинарите Бабовски информира дека со овој повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од ИПАРД 2014-2020, а 25 проценти од Буџетот на државата.
-Рокот за аплицирање почнува од сабота, 28 декември, и ќе трае до 11 февруари. Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.352.375,68 евра. Со ова, Владата, Министерството за земјоделство и Платежната агенција уште еднаш потврдуваат дека силно се фокусирани на развој и унапредување на преработувачките капацитети во агро секторот. Преку осовременување на постоечките и отворање нови производни капацитети очекуваме да постигнеме зголемено производство, пласман на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи, изјави директорот.
Потребните обрасци од „Барањето за користење средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатството за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации неопходни за изготвување барање за користење на ИПАРД средствата, може да се преземат од веб страницата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk. Печатените обрасци, пак, може да се подигнат директно во Агенцијата во СКопје, како и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ