Loading Video...
Кошарка
15. April 2021 - 11:58

Нови брилијантни настапи на Дончиќ и Јокиќ

Словенецот, Лука Дончиќ и Србинот, Никола Јокиќ повторно беа во фокусот на вниманието кога се во прашање натпревари во НБА лигата. 
 
Дончиќ на неверојатен начин со тројка во последната секунда му донесе победа на својот тим Далас во дуелот против Мемфис со 114-113. 
 
Словенецот средбата ја заврши со 29 поени и 9 асистенции. 
 
Затоа пак Никола Јокиќ одново оствари троен ефект (трипл-дабл). Тој во победа на Денвер над Мајами со 123-106, покрај 17 поени имаше и 11 асиситенции и 10 скокови.