Македонија
9. November 2015 - 23:08

НОВИ ДЕТАЛИ: На напаѓачот на Клинички му се заглавил пиштолот

„Ќе ве убиеме сите во болницава!“ Со овие зборови еден од тројцата напаѓачи, кои денес беа приведени дека пукале во лекар од Kлиниката за дигестивна хирургија во Скопје, претходно им се заканил на останатите лекари, медицинските сестри, но и на пациентите што утрово биле во ходникот на болницата кога се одвивала своевидна заложничка драма, пишува ДНЕВНИК.

Тензијата кулминирала кога син на пациентка со три истрели од пиштол ја изрешетил ногата на дежурниот лекар Љубомир Огненовиќ, кој прексиноќа ја оперирал жената, која неколку часа потоа починала во шок-соба. Откако бил застрелан во ногата, лекарот бил опериран и е надвор од животна опасност. Дознаваме дека епилогот можел да биде и пострашен, но, за среќа, се закочил пиштолот и напаѓачот престанал да пука.

Сепак, тука драмата не прекинала, па двајцата негови роднини почнале да кршат и да демолираат дел од мебелот на клиниката извикувајќи пцости и критики до лекарите.

Во тензичната атмосфера за малку ќе настрадала и медицинската сестра која била пред вратата од собата каде што се случувала заложничката драма. Присутните легнале на подот кога ги слушнале заканите за нивниот живот. Меѓу заложниците по некоја случајност се нашол и инженер кој само што дошол да ја провери интернет-мрежата на клиниката, која не функционирала. Заедно со останатите доживеал вистински шок. Некои се обидувале во тие мигови да се јават на мобилните телефони во полиција или на своите најблиски. 

Одмазда за смртта на мајката? 

Инаку, според неофицијални информации, причина за крвавиот инцидент била одмазда за смртта на мајката на еден од нив. На клиниката, каде што дошла како итен случај завчера вечерта, ~ бил извршен хируршки зафат на жолчката, а притоа било забележано дека пациентката имала други промени на органите кои укажувале дека таа е во крајна фаза на малигна болест. Иако лекарите го информирале син ~ дека операцијата поминала успешно, таа починала неколку часа потоа во шок-соба, најверојатно, срцето и откажало. Потоа вчераутро синот добил телефонски повик дека жената починала. Револтиран, осомничениот со уште двајца роднини, дошол на клиниката. Тие почнале да го демолираат инвентарот, по што синот на починатата извадил пиштол и со него стрелал во хирургот. 

Во меѓувреме несреќниот хирург бил итно пренесен на операција во хируршка сала на Kлиниката за тораковаскуларна хирургија. На дел од персоналот, кој драматично ја преживеал операцијата, му била укажана и помош од психологот во Ургентниот центар, а еден бил советуван да се јави и на психијатар. 

Повеќе прочитајте на ДНЕВНИК