Македонија
3. October 2022 - 16:45

Нови обвинувања во аферата броило, Ковачевски бара извинување

Фирмата на кумот на премиерот Ковачевски инкасирала над 2 милиони евра од државни тендери додека СДСМ се на власт, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во најновото продолжение на аферата броило.

Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери? Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел? Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива. Додека народот гладува, цените растат, Ковачевски се богати изјави Миле Лефков.

Од СДСМ контра обвинување. Велат Мицкоски бил сопственик на хидроцентрали.

Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали.
Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните рече Дарко Каевски.

За премиерот аферата броило е обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја дефокусира јавноста од случувањата во Град Скопје. И покрај тоа што ја основал, вели дека во моментов не е поврзан со фирмата Пиксел

Нашата компанија да не се меша во политички препукувања и денеска побараа од компанијата Пиксел Груп

„Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали.

Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните.“ – се вели во соопштението на компанијата од каде повторуваат дека премиерот Ковачевски веќе не е дел од сопственичката структура