Македонија
29. јуни 2022 - 16:31

Нови предупредувања за ковид - раст за 65 проценти на бројот на новозаразени

Летните одмори се во полн ек но раат од ковид нема. Туристичката сезона донесе нов бран на позитвни случаи. Бројот на новозаразени е зголемен за 65 проценти во однос на минатата недела. Смирува податокот што последиците се помали, нема смртни случаи а хоспитализирани се многу мал број на пациенти.

Засега мерки нема, Комисијата за заразни болести остава на совеста на граѓаните, сами да одлучат како ќе се заштитат од вирусот ова лето. Потсетуваат дека маските се задолжителни во здравствените установи, аптеки и автобуси.

По неколку месеци, ковидот зема замав и во последните недели бројот на новозаразени се зголемува. Изминатите неколку недели процентот се зголемува од 2 до 15 проценти. Најголем број случаи се регистрирани во главниот град, во однос на возрасните групи, нема големи отскокнувања но најголем број новозаразени биле возрасните луѓе над 60 години. По СКопје највисока инциденца е ресгистрирана во Охрид со оглед дека туристичката сезона е веќе почната.