Македонија
2. May 2017 - 18:03

Нови промени со времето - Еве какво ќе биде

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 20 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 29 степени.

Пооблачно и понестабилно, особено во северните и источните делови, ќе биде во петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за околу 5 степени. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне се очекуваат нови врнежи од дожд.