Нови протести ширум Франција против пензиската реформа
Француските синдикати денеска повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон.
Властите очекуваат дека на денешните 12-ти протести да учествуваат од 400 до 600 илјади лица. Планирано е да се ангажираат 11.500 полицајци, од кои 4.200 ќе бидат во Париз.
Уставниот совет се очекува утре да ги соопшти резултатите од разгледувањето на предлогот за реформи. Може делумно или целосно да ја поништи пензиската реформа или да ја прогласи за уставна.
Протестите се насочени против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Десничарската влада сака да ја затвори заканувачката финансиска дупка во пензискиот фонд со реформа.
Спорот се интензивираше бидејќи владата го протурка текстот низ Националното собрание без гласање. Протестите, кои беа мирни со недели, во меѓувреме беа засенети од масовно насилство.
Макрон веќе најави дека сака реформата да стапи на сила до крајот на годината.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
