Нови сознанија: На 300 метри пред катастрофата имало истекување на гориво и чад
Има идикација дека на 300 метри пред местото на катастрофата имало истекување на горивото и чад.
Ова во интервју за бугарската Нова телевизија го изјави регионалниот министер Виолета Комитова, пренесува софиски „Дневник“.
Но, Комитова не појасни од каде доаѓа индикацијата, туку само воопштено додад дека не е задоволна од инфраструктурата.
Според неа, местото каде се наоѓа клучката за излез од патот кон с.Боснек, каде на 23 ноември се случи трагедијата со македонскиот автобус во кој загинаа 45 патници, не е автопат или брз пат, туку обичен меѓуградски пат. За тоа таа не знаела и се до кобниот ден мислела дека тоа е автопатот „Струма“.
Комитова се обиде да објасни дека целиот фокус не треба да се насочува кон инфраструктурата и додаде дека има индикација дека на 300 метри пред катастрофата имало истекување на гориво и чад.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
