-->
-->
Новиот либиски премиер пристигна во Триполи
-->
Претседателот на либиската Влада на национално единство, Фајез ел Сараџ, поладнево пристигна во Триполи во придружба на неколку министри од неговиот кабинет, соопштија либиски воени извори.
- Во придружба на неколку членови од владниот Совет, Сараџ пристигна во поморската база во Триполи, каде одржа состанок со офицери од базата, изјави претставник на либиската Воена морнарица.
Меѓународната заедница се залага за воспоставување стабилна влада во Либија, која ќе го спречи засилувањето на позициите на терористичката организација Исламска држава на територијата на оваа северноафриканска држава, која е зафатена со граѓанска војна од соборувањето од власт на поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи во 2011 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!