Ново апсење на терорист во Германија

Германските власти уапсиле 26-годишно момче, член на салафистичкото движење, кое планирало да изврши терористички напад. Јавното обвиннителство во покраината Долна Саксонија денеска објави дека во неговиот апартман во гратчето Норхајм во близина на Гетингем, бил пронајден експлозивен материјал со кој требало да бидат нападнати полицајци или војници, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Момчето, за кое не се објавуваат лични информации, е германски државјанин и бил подолго време следен од германските служби за безбедност поради соммневања дека е дел од радикални исламистички структури во Германија.
Веста за апсењето на осомничен за тероризам доаѓа еден ден откако германската Агенција за заштита на уставноста во јавноста откри дека во земјта има драматичен пораст на радикални исламисти. Според БФВ, за само неколку месеци бројот на исламисти се зголемил за неколку стотини а од вкупно 1600 кои што живеат во Германија околу 500 се сметаат за потенцијални извршители на терористички акти.
Во регионот на градот Гетинген ова е втор ваков инцидент за само две недели. Минатата недела 22 годишен Нигериец и 27 годишен Алжирец беа приведени од полицијата откако кај нив пронајде импровизирано оружје, симболи на Исламската држава и пропагандни материјали со радикални исламски пораки.
Ново на Сител
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
