Loading Video...
Македонија
19. October 2020 - 16:36

Ново барање за легализација на канабисот за лична употреба

Легализација на канабисот за лична употреба и достапност за медицински цели на сите граѓани - се дел од барањата на невладиниот сектор за употребата на канабисот во земјава. Активистите сметаат дека со декриминализацијата ќе се намалат злоупотребите при користењето, но и ќе престане и повредата на човековите права.

Предлозите ќе ги достават до Министерството за здравство, Владата и Собранието. Се надеваат дека надлежните ќе имаа слух за нивите барањата.

Законски измени и итно усвојување на законот за опојни дроги кој е во собраниска процедура бараат и производителите на канабис. Законот е на сила од 2016 година, а до сега не е донесен ниту еден подзаконски акт кој треба да ја доуреди и развие оваа дејност, се жалат засегнатите бизнисмени.