Ново рочиште за „Талир“

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Претходното рочиште на 5 ноември беше одложено поради неприсуство на пратеникот Илија Димовски. Судијата Осман Шабани, тогаш кажа дека Димовски не го известил судот зошто нема да присуствува. Тоа го оцени како непочитување на судот и најави дека тоа веќе нема да го дозволува.
На денешното рочиште треба да почне образложувањето на предложените листи со докази.
Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.
Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.
Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.
За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
