Новогодишни пакетчиња за првачињата и социјално загрозени деца во општина
Во пресрет на новогодишните и божикните празници, градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, денеска ги посети и им врачи новогодишни пакетчиња на 203 првачиња во сите основни училишта во општината и на 22 деца од семејства кои се корисници на постојана парична помош.
Традиционално, градоначалникот Поцков денеска ги посети и штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби на кои исто така им додели новогодишни пакетчиња, а го посети и специјализираниот Центар за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“, каде на 40 штитеници на центарот им подари овошје.
Денешната обиколка на основните училишта и дневните центри за деца со посебни потреби во кои градоначалникот Поцков делеше новогодишни пакетчиња, заврши со негово присуство на новогодишните претстави што ги приредија првачињата од двете гевгелиски основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“.
Ново на Сител
-
Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат
-
Ристески: Со есенската кошница ги стабилизиравме и намаливме цените
-
Србин усмрти пешак на магистралата Куманово-Крива Паланка
-
Татко секојдневно си ги тепал трите деца, учителките пријавиле во полиција
-
Разбојничка кражба во скопски трговски центар: Украл гардероба и се заканувал со нож
-
18 годишник силувал 20 годишна девојка во Кисела Вода
-
Зеленски: Русија победи во Грузија, а истото ќе го направи и во Молдавија
-
Најмалку 20 убиени во денешните израелски напади во Појасот Газа