Македонија
7. April 2016 - 11:35

НУЦК „Трајко Прокопиев“-Куманово објави конкурс за есеј

Кумановскиот театар во соработка со театрите од Штип, Велес и Струмица распиша конкурс за есеј на тема „Како го замислуваш светот без театар“.

- Распишувањето на конкурсот за есејот од ваков вид прв пат се реализира во националната установа и се организира како дел од одбележувањето на април-месец на театарот. Четирите театри во рамки на одбележувањето на месецот на театарот ќе разменуваат и претстави, изјави Сашо Костовски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“-Куманово.

На конкурсот за есеј, кој ќе трае до 4 мај годинава, можат да се јават граѓаните од Куманово, Штип, Велес и Струмица. Творбите треба да бидат испратени во три примероци на адреса на националните установи, односно театари.

Наградените ќе бидат објавени во пролетниот број на списанието за уметност „Сум“ и ќе добијат едногодишна претплата за претставите што ќе се играат во четирите театри.