Бизнис
1. December 2021 - 16:49

Нуредини: Целта е да не се купуваат кеси

Целта на високата цена за кесите за пазарење не е да се собираат пари од граѓаните, туку да се променат навиките за почиста околина, вели министерот за животна средина. Нуредини објаснува дека според сегашните стандарди биоразградливите кеси ќе може да се произведуваат до 1 јуни 2023 година, а потоа и за нив ќе има повисоки стандарди.

Експертите го поздравуваат исфрлањето од употреба на пластичните кеси, но сметаат дека е неопходно и институциите да преземат конкретни чекори на терен во врска со управувањето со отпадот.

Позитивни се реакциите и од граѓанското здружение Еко-свест, кои сметаат дека отфрлањето од употреба на пластичните кеси на долг рок ќе резултира со помалку отпад и намалување на загадувањето на околината. Но, очекуваат и други мерки во насока на максимално избегнување на пластиката за еднократна употреба.