Обама: Горд сум што беа откажани нападите врз Сирија во 2013 година
Претседтаелот на САД Барак Обама изјави дека е горд што во последен момент се откажал од одлука да се почнат воздушни напади врз силите на сирискиот претседтаел Башар Асад во 2013 година.
Во интервју за магазинот Атлантик, тој истакнува дека тоа била правилна одлука.
Во 2013 година Обама бил на чекор до издавање наредба за воздушни удари за да го казни Асад поради наводно користење хемиско оружје против бунтовниците.
Обама вели дека тоа била една од најтешките одлуки кои ги донел, но била во интерес на САД.
Во последен момент Обама рекол дека ќе бара одобрување од Конгресот иако има овластување да донесе таква одлука и без согласност од парламентот. Нападите никогаш не се извршени.
Оние кои сметале дека Обама изгубил кредибилитет на Бликсиот исток се повикувале на таа одлука како пример за своите тврдења.
Ново на Сител
-
Уште два неуспешни обида на Уставниот суд да избере нов претседател, седницата продолжува в понеделник
-
Избори за нов претседател на СДСМ на 30 јуни, конгрес на 9 јуни
-
Мурињо седнува на клупата на Фенербахче
-
Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи
-
ЈП Градски паркинг - Скопје од утре со летно сметање за зонско паркирање
-
Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
-
Во завршна фаза преговорите за новата Влада
-
АА: Ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени