Обдукцијата потврди дека Афроамериканецот во Атланта е убиен

Со обдукција е утврдено дека смртта на Афроамериканецот Рајшард Брукс, во кој пукаше полицаец во Атланта, е поради убиство предизвикано од повреди здобиени од огнено оружје во грб, соопшти одделот за патологија во округот Фултон.
Како што се наведува, обдукцијата покажала дека 27-годишниот Брукс починал поради губење крв и повреда на внатрешните органи, предизвикана од два куршума. Како начин на смртта е наведено „убиство“.
Брукс е убиен откако давал отпор при апсењето на паркинг пред еден ресторан за брза храна, каде спиел во автомобилот, кој им го блокирал патот на другите учесници во сообраќајот. При апсењето дошло до туркање и Брукс на еден од полицајците му го одземал електрошок-пиштолот, по што бил застрелан.
Неговата смрт предизвика масовни протести низ улиците на Атланта, а ресторанот за брза храна, пред кој се случило убиството, е запален.
Ново на Сител
-

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Се намалува матноста на изворот Шум, водата во Струга и понатаму забранета за употреба
-

Одземено возило и приведено младо лице од росоманско Сирково, возело без положен возачки испит
-

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смее да јаваат магариња на Санторини
-

Откриена мрежа со фиктивни управители на 380 компании во Грција со направен долг од 43 милиони евра
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
-

Пошта: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките
-

Вешти лица од Словенија и денеска ќе сведочат за „Онкологија“
