Обезбедени се средства во буџетот за вакцини и лекови против КОВИД-19

Обезбедени се пари во буџетот за набавка на вакцини и лекови против КОВИД-19, соопштија во дебата на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.
За вакцини против КОВИД-19 се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра, а за лекот Ремдесивир 67,5 милиони денари.
– Од кредитот со Светска банка 90 милиони предвидено е и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе и дадат на државата само за вакцина. Значи, има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, засега има доволно средства предвидено за вакцини, рече Бесими.
Премиерот Зоран Заев кажа дека нашата проекција е 800 илјади вакцини, посочувајќи и на цени од некои производители – 10,47 евра за вакцина односно за двете дози 21 евро.
Македонија е во КОВАКС-системот преку кој се резервирани вакцините. Заев соопшти дека авансот ќе го платиме веројатно на почетокот на декември, а во 2021 ќе бидат и 390-те милиони денари или 6,7 милиони евра.
-Ако има потреба за повеќе, ќе обезбедиме дополнително плус пари, рече Заев. Кажа и дека владата на Грција нарачала вакцини и за Македонија и за Албанија и дека на разговор со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен во петокот било соопштено дека ЕК донела одлука покрај за земјите членки на Унијата, вакцината да биде набавена и за шесте земји од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
