Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на манифестацијата.
Според пропозициите во конкурсот, право да се пријават имаат поетите од Македонија и од балканските земји, кои ќе се натпреваруваат во две категории, до 18 години и над 18 години. Заинтересираните поети може да испратат по три необјавени песни на слободна тема, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик. Учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително треба да достават препев на македонски јазик. Рокот за пријавување е до 5 мај.
Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com. Пристигнатите песни ќе ги оценува стручна комисија, која освен избор на наградени, ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка, алманах.
Меѓу наградените на фестивалот во претходните изданија се поетите Стефан Марковски, Слаѓана Ставревска, Вања Савова (Бугарија), Невен Лукачевич (Хрватска), Кристина Мерклер.
Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се организира во чест на 24 Мај - Денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Организатори се Здружението за култура „Дунек“ во соработка со Центарот за култура АСНОМ од Гостивар.
Ново на Сител
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
-

Истрага против три лица за загрозување на животната средина со отпад во Охрид
