Објавена „Јас.Елегии“, нова поетска книга од Михаил Ренџов

Познатиот македонски поет Михаил Ренџов во поетската едиција на скопски Макавеј ја објави новата збирка песни „Јас. Елегии“.
Новото поетско дело на Ренџов претставува редок лирски потфат составен од седумдесетина сонети кои на единствен начин ги поврзува една зрела и моќна поетска мисла свртена кон залезот на животот.
Поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски во својата препорака кон книгата на Ренџов нагласува дека „Јас. Елегии“ укажува на една не целосно нова, но златесто созреана тематска нишка во поетското дело на Ренџов – соочувањето со призраците на смртта.
- За голем респект е фактот што книгата е испеана во беспрекорна сонетна форма, која Ренџов и во поранешните книги повремено ја негуваше со истенчен и строг пристап. Ерго: формата на сонетот, дикцијата на поетскиот глас, наеженоста од староста и залезната житејска перспектива и од благоста во соопштувањето на поетските мотиви на заминување/збогување од овој свет, попрецизно – елегиската димензија - претставуваат хармонична лирска градба која остава впечаток на трајна порака на мудрец, паталец, занесеник и младич загледан во вечното таинство на небесата. Во творечкиот проглас на оваа објава како да се собрани и воедначени гласови на милиони кои чекореле и мечтаеле на овој свет, а заправо биле вљубени кон вечноста на оној свет“, посочува Цветкоски.
Михаил Ренџов е еден од најистакнатите современи македонски поети чие дело брои над 20 стихозбирски, раскази, книги преводи и друго. Носител е на врвни македонски и меѓународни книжевни награди.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Берово и Битола -4 степени
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Презентација на софтвер за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд
-

Трамп: Член на Националната гарда покажува знаци на закрепнување по пукањето
-

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 проценти до 2040 година
-

Папата Лав: Европа мора да има централна улога во завршувањето на војната во Украина
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Магла на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и на ГП Богородица
