Македонија
8. October 2015 - 8:10

Облачно и врнежливо време

Времето  во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во петок ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а нов влажен бран со обилни врнежи ќе има во сабота кога локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен, особено во западните и северните делови од земјата.