Македонија
18. October 2021 - 16:39

ОБСЕ/ОДИХР со првична оценка за изборите

Проблеми со тајноста на гласање, групно и семејно гласање, обиди за поткуп, но и закани кон одредени кандидати за градоначалници. Ова вчера на терен го забележале меѓународните нављудувачи на ОБСЕ/ОДИХР. Сепак нивната прелиминарна оценка е позитивна, бидејќи смеатаат дека се работи за изолирани случаи кои нема да влијаат врз конечните резултати.

Меѓународните набљудувачи вчера и лично сведочеа за проблемите со апаратите за отпечаток од прст. Сметаат дека целиот хаос кој настана е резултат на доцното имплементирање на опремата и немањето време за обука на изборачките одбори. Очекуваат овие проблеми да бидат надминати во вториот круг.

Набљудувачката мисија во земјава останува и во следните две недели, а конечната оценка за целиот избирачки процес ќе ја соопштат на 1 ноември, ден по вториот круг. Вчера изборите на терен ги следеа 165 набљудувачки на ОБСЕ/ОДИХР.