Обвинение за четири лица за нередите на Денот на знамето
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.
- Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост, се наведува во соопштението.
Дејствијата на сите обвинети, како што велат од Обвинителството, предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство.
Ново на Сител
-
Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати
-
Лавров: Русија бара траен мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност
-
Леќа што сама му нанесува лек на окото
-
Дончиќ повторно се повреди
-
Приведен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственичката
-
Од 1 јануари Македонија добива нов скијачки центар „Михајлово“
-
Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период
-
Израел го повика ватиканскиот амбасадор на разговор по критиките на папата за нападите во Газа