Обвиненија за 29 физички и две правни лица од Струмица за непостапување според здравствените прописи
Основното јавно обвинителство Струмица до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против 27 лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија.
Заради стореното кривично дело Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.
Струмичкото обвинителство денеска поднесе и два обвинителни предлога против вкупно две физички и две правни лица за истото кривично дело. Лицата како управители, вршеле продажба во нивните маркети, иако не поседувале дозвола за работа за време на полицискиот час.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите