Македонија
28. March 2023 - 16:31

Обвинителите се разочарани што јавноста не им верува

Наместо неосновани критики, власта да обезбеди независност на обвинителството. Првиот човек на државното обвинителство смета дека реформите напишани на хартија, не се доволни. Недостасуваат кадар и опрема, па Јовески вели, прстот да не се вперува само кон обвинителите.

„Секој од нас, треба на вистината да и погледне во очи. Да не бараме оправдувања за предметите кои подолго време се во истражна или судска постапка, а не е донесена одлука. Ниту едно општество не може да очекува ефективно да ја реши корупцијата доколку граѓаните, иако се сведоци на дејствија на корупција немаат волја за искористување на овој феномен бидејќи ја изгубиле довербата во нашите институции“, вели Љубомир Јовески, Јавен обвинител.

Според обвинителите, враќањето на довербата зависи и од отчетноста. Сега јавноста немала доволно инфомрации за нивната работа.

„Граѓаните и немаат увид во работата на овие јавни обвинители, дека се ангажирани 24/7, 365 дена во годината, дека не знаат за слободно време и слободни денови, да видат дека нависитина се ангажирани со што би сфатиле дека не е правдата до тој степен запоставена на нивна штата, туку напротив, со оваа состојба, со овие капацитети, се влече максимумот од овие кадри“, вели Антонио Јолевски, Совет на Јавни обвинители.

Укажувањата за презафатеност на обвинителите и апелот за враќање на довербата доаѓаат во период кога за обвинители се избираат синот на собранискиот претседател Џафери, сопругата на Абази, зетот на член на советот на обвинители. Судиски места пак ќе добијат снаата на секретарката на собранието Иванова, синот на апелациониот судија Беџети и ќерката на пензионираната обвинителка Смаќоска.

Во меѓувреме, обвинителите во соработка со Центарот за правни истражувања и Бритнаската амбасада работата на зголемување на довербата во Обвинителството. Со компјутерска прогарама ќе се следат предметите. Пробното тестирање покажува дека најголем дел од обвинителствата, пријавите ги решаваат за околу шест месеци. Некаде, пак, тој рок е четири години.