Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
Постои основано сомнение дека градоначалникот од Прилеп и 5 директори од средни училишта од овој град го прекршиле законот со незаконски јавни набавки. Со вакви обвинувања излегоа од ОО на СДСМ Прилеп според кој Договорите за превоз на ученици минатата година важеле дп 31.12.2023. Истите биле два пати продолжувани со анекси, првиот пат до 29.02.2024. А вториот пат незаконски била зголемена и цената.
„После првиот, следувало потпишување нов, втор по ред анекс на Договорот. Меѓутоа, освен што неговата важност ја продолжиле за нови 50 дена, овој пат директорите направиле измена и во вредноста на Договорот, поточно ја зголемиле цената на услугата, што е спротивно на Законот за јавни набавки. За целото тоа време превозниците вршеле превоз на ученици без важечки договори, а за извршената услуга доставувале фактури кои директорите ги исплаќале без претходно спроведена јавна набавка“, рече Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп.
Од Општина Прилеп пак денеска ги демантираа овие обвинувања истакнувајќи дека јавната набавка за превоз на ученици била законски спроведена согласно со член 119 од Законот за јавни набавки и биле запазени сите процедури и можеле истите . И обвинија дека токму СДСМ правел вакви криминални работи додека беа локална власт во Прилеп.
„Потенцираме дека е апсолутно неточно тврдењето дека е зголемена цената на услугата и дека се исплаќани фактури без договор. Иронично е што ваквите лажни обвинувања за овие спроведени јавни набавки доаѓаат од тие коишто правеа криминали во минатото и нивната желбата да се прикрие незаконското работење на сегашната претседателка на ОО на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, којашто беше директор на СОУ „Ѓорче Петров“ и цело прво полугодие на учебната 2021/2022 сите средни училишта немаа договори за превоз и незаконски ги превезуваа учениците“, изјави Христијан Тунески, портпарол на Општина Прилеп.
И од СДСМ и од Општина Прилеп го повикаа јавното обвинителство да реагира по овие нивни обвинувања.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар